Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Денеска на социјалните мрежи голем број луѓе се збогуваат од Филип, а ВМРО-ДПМНЕ објави кратка порака преку социјалните мрежи.
„Тешко е да се најдат вистинските зборови да се простиш засекогаш кога ќе си замине млад човек што само со своето тивко присуство, посветеност и работна етика придонесе толку многу за организацијата. Денес се простуваме од наш сопартиец, пријател и човек кој беше пример за добрина, чесност и посветеност. Филип ќе остане запаметен по неговата искреност, неговата насмевка и начинот на кој секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен.
Филип, ќе ни недостасуваш – како човек, како соработник, како пријател. Нека е вечна светлината во која замина, а споменот на тебе и твојот лик засекогаш ќе биде со нас. Почивај во мир“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
