На Светскиот ден на детето, 20 ноември, ТАВ Македонија, дел од групацијата АДП, ја предаде својата донација на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле.
Донацијата е наменета за подобрување на условите за дијагностика и третман на најмладите пациенти, со цел персоналот на клиниката да располага со најсовремена опрема и секое дете да добие врвен медицински третман.
„Со оваа донација сакаме да покажеме дека детското здравје е наш приоритет. За нас, важна е не само опремата, туку и поддршката и сигурноста што ја нудиме на семејствата. Се гордееме што можеме да придонесеме за подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал и за квалитетот на здравствените услуги за децата“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Донацијата вклучува ЕКГ апарат, два модерни монитори за интензивна нега, три специјализирани баскети за отстранување на туѓи тела од дишните патишта и тркачка лента за изведување на бронхопровокативни тестови.
„Оваа донација ќе ни помогне да ја унапредиме дијагностиката и интервенцијата, да го олесниме работниот процес на медицинскиот тим и да обезбедиме најдобра можна грижа за децата. Поддршката од ТАВ Македонија е доказ за општествена одговорност и вистинска грижа за здравјето на младите пациенти“, истакна проф. д-р Катерина Бошковска, в.д. директор на клиниката Козле.
Со овој гест, ТАВ Македонија повторно ја потврдува својата посветеност на заедницата и на поддршката на проекти кои навистина значат за децата.




