Граѓаните се предупредуваат на измамничка страница на Фејсбук која пласира лажни постови и реклами во име на Пошта Македонија. Во постовите се тврди дека за 800–850 денари може да се купи ваучер за недоставени или изгубени пакети, кои наводно можат да содржат технолошки уреди, облека, телефони, козметика и предмети за домаќинството.
Важно е да се напомене дека ова не е официјална понуда на Пошта Македонија и дека самата слика користена во постот е лажна, направена со помош на вештачка интелигенција (AI).
Апелираме до сите граѓани да не наседнуваат на овие измами и да не прават уплати или споделуваат лични податоци со непознати страници. За официјални понуди и информации, секогаш проверувајте ги официјалните канали на Пошта Македонија.


