Фото: Комерцијална банка
МВР известува дека вчера околу 12:01 часот на крстосницата кај ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, медицинско возило „Рено Трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, морало нагло да запре за да избегне судир со друго возило кое го напуштило местото на настанот.
Во несреќата, со тешки повреди се здобила 26-годишната лекарка А.М. од Скопје, додека 41-годишната вработена А.Р. од Скопје задобила полесни повреди. Двете биле пренесени и згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Во возилото се наоѓал и 89-годишниот пациент Ј.Т., кој имал претходни здравствени проблеми. По приемот во болницата, лекарите констатирале смрт. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
СВР Скопје спроведе увид на местото на настанот, а органите за ред и правда преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
