Фото: ФФМ
Македонската фудбалска репрезентација одигра катастрофален натпревар во Кардиф и загуби од Велс со 1-7 во последното коло од квалификациите за Светското првенство (СП).
Велс тргна фуриозно и погоди преку Вилсон и Брукс, по што Миовски успеа да ја врати Македонија во игра во 23. минута. Сепак, домаќинот до крајот на првиот дел стрелаше за водство од 3-1.
Второто полувреме беше ужасно за Македонија, која целосно се распадна на теренот, а Велс преку Џејмс зголеми на 4-1. Потоа двапати стрелаше Вилсон, а на крајот Бродхед ја запечати победата од 7-1.
