Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека институциите и во иднина ќе даваат поддршка за семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Мицкоски кажа дека одлуката за формирање на собраниска анкетна комисија која ќе го разгледа случајот е во рацета на пратениците.
„Ги разбирам барањата, ние досега правевме сè што е во наша моќ и ќе продолжиме во ист ритам. Наша должност е да ја ублажиме нивната болка која е огромна“, кажа Мицкоски.
