Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Казни од 50 евра за фрлање ѓубре по 22:00 во Скопје: Инспекторите ќе патролираат ноќе

Gladiator 17/11/2025

Фото: Принтскрин

Од вечерва, скопјани мора да го следат времето пред да го фрлат ѓубрето. Од 22:00 до 06:00 часот наутро е забрането оставање отпад во јавните контејнери, одлучи Советот на Град Скопје како мерка за намалување на хаосот со отпад во градот. Оваа забрана не важи за приватните канти пред домовите.

„Одлуката стапи на сила со потпис на градоначалникот Ѓоргиевски и предвидува забрана за оставање отпад во или околу контејнерите на јавните површини“, појаснуваат од Градот.

Скопје има 40 инспектори, од кои 11 се комунални, а 10 се редари. Прекршоците ќе се констатираат директно на терен. Во случај на поголеми количини или специфичен отпад што не е комунален, ќе се вршат контроли и врз фирмите.

Инспекторите ќе вршат патроли и по полноќ, со цел да се санкционираат прекршителите. Граѓаните кои ќе ја прекршат забраната ќе бидат казнети со 50 евра, а за правните лица казните се движат од 1.300 до 1.800 евра, зависно од видот на отпадот.

Скопјани велат дека мерката е добредојдена, но нагласуваат дека најважна е личната свест за зачувување на животната средина.

„Мерката е добра за сите, но важно е и самиот човек да има свест. Законот е добар, но ако не се почитува, ништо нема да се смени“, вели еден граѓанин.

„Јас лично не фрлам отпад по темнување, но прашање е колку ова ќе се спроведува. Кај нас чудата траат кратко, па ќе видиме како ќе биде по неколку дена“, додава друг граѓанин.

„Инспекторите не можат секаде да стигнат, па најважна е свеста на граѓаните. Кога ќе имаат ѓубре, треба да го фрлат на вистинското место и контејнерите да се празнат редовно“, додаваат од јавноста.

Од Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ најавуваат дека во почетокот казни нема да се изрекуваат, туку нивните ЕКО патроли ќе даваат само опомени. Ова е прв предизвик за новиот вршител на должност директор, Драги Митковски, веднаш по големата тридневна акција за чистење на градот од депонии со отпад.

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: Шокантно: Пронајдени две отсечени женски раце на автопат
Next: Филипче: Реформи нема, извештајот на ЕК е меѓу најлошите за Македонија

Најново

  • (ВИДЕО) Загинаа шест лица во пожар во автобус во Швајцарија – човек се запалил со бензин
  • (ВИДЕО) Со НАТО ракети e погодена фабрика за воздушна одбрана во Русија!
  • Монструозно убиство: Тинејџер уби жена, откриен преку ДНК!
  • (ФОТО) Нови снимки од џакузи од поранешна владина функционерка
  • (ВИДЕО) Ивица Дачиќ ја напушти болницата

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Загинаа шест лица во пожар во автобус во Швајцарија – човек се запалил со бензин

(ВИДЕО) Загинаа шест лица во пожар во автобус во Швајцарија – човек се запалил со бензин

10/03/2026
(ВИДЕО) Со НАТО ракети e погодена фабрика за воздушна одбрана во Русија!

(ВИДЕО) Со НАТО ракети e погодена фабрика за воздушна одбрана во Русија!

10/03/2026
Монструозно убиство: Тинејџер уби жена, откриен преку ДНК!

Монструозно убиство: Тинејџер уби жена, откриен преку ДНК!

10/03/2026
(ФОТО) Нови снимки од џакузи од поранешна владина функционерка

(ФОТО) Нови снимки од џакузи од поранешна владина функционерка

10/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Загинаа шест лица во пожар во автобус во Швајцарија – човек се запалил со бензин
  • (ВИДЕО) Со НАТО ракети e погодена фабрика за воздушна одбрана во Русија!
  • Монструозно убиство: Тинејџер уби жена, откриен преку ДНК!
  • (ФОТО) Нови снимки од џакузи од поранешна владина функционерка
  • (ВИДЕО) Ивица Дачиќ ја напушти болницата

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.