Balkanika Music Television вчера емитуваше ексклузивна емисија во чест на македонското музичко дуо ДНК. Специјалното издание на програмата Balkan Stories беше прикажано на 15 ноември во 19 часот и ќе биде репризно на 16 ноември напладне.
Емисијата содржи интервјуа и материјали снимени за време на еден од големите концерти на ДНК во Скопје, кога екипата на Balkanika имаше можност да помине дел од атмосферата со Андреј и Панчo.
Со оваа посветена програма, телевизијата се навраќа на незаборавната средба со двајцата членови на групата, кои трагично ги загубија животите во катастрофалниот пожар во ноќниот клуб во Кочани годинава.
