Фото: Aleksandra Lozanoska
Советот на Град Скопје на денешната седница ја изгласа новата мерка со која се ограничува фрлањето отпад во ноќните часови. Според одлуката, од 22 часот навечер до 6 часот наутро на граѓаните им се забранува да изнесуваат смет во контејнерите, а оние што ќе ја прекршат забраната ќе бидат казнети со 50 евра.
Од Град Скопје објаснуваат дека овој чекор треба да овозможи поефикасно празнење на контејнерите и да спречи создавање на нови диви депонии, особено во урбаните делови каде што отпадот често се натрупува околу корпите.
Паралелно со забраната, градските власти најавуваат и следна фаза од реформите – поставување селективни корпи за отпад, со цел подобро управување и поголема еколошка свест кај населението.
