Фото: Принтскрин
Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ наскоро треба да добие нов сопственик, а „Ројтерс“ пишува дека тоа се очекува да биде американската приватна инвестициска компанија „Карлајл Груп“.
„Ројтерс“ се повикува на добро известени извори, а тоа е потег кој би можел драматично да го промени распоредот на силите на глобалниот енергетски пазар.
Интересно е тоа што оваа вест на „Ројтерс“ ја пренесоа и сите водечки руски медиуми, меѓу кои и „РИА“.
„Карлајл Груп“ наводно се наоѓа во рана фаза на проценка и ја разгледува опцијата да поднесе барање за официјална лиценца од Министерството за финансии на САД за да направи детална анализа за потенцијално купување.
