Фото: Принтскрин
Министерот Бесар Дурмиши кажа дека минималната плата ќе се зголеми, меѓутоа во март 2026 година како што предвидува законот.
Усогласувањето на платата се врши еднаш годишно, а министерот смета дека нема причина за вонредно зголемување на платите бидејќи тоа ќе создаде притисок врз малите и средните претпријатија во Македонија.
Минималецот во моментов изнесува 24.400 денари, а синдикатите бараа зголемување на платите на 500 евра.
