Фото: Принтскрин
Дарко Велков од „Вработување.ком“ гостуваше во емисијата „Бизнис21“ каде што зборуваше за случувањата во бизнис секторот во Македонија.
Велков смета дека во Македонија има сопственици кои знаат да си ги почитуваат работниците и им даваат високи плати.
Сепак, зборуваше и за други параметри кои влијаат врз продуктивноста.
„Ние сме единствена нација која пие кафе по час иполовина во работно време. Ако се споредиме со регионот во продуктивност, тогаш ние сме претпоследни и тоа е тажно“, вели Велков.
Целото интервју може да се погледне на „Бизнис21“.
