Фото: Принтскрин
Во турската општина Тургутлу, директор на училиште е приведен под сомнение дека турнал ученик со аутизам по скалите.
Основното јавно обвинителство во Тургутлу отвори истрага по инцидентот во кој 13-годишниот ученик со аутизам, Б.У.У., паднал по скалите откако бил турнат од директорот на училиштето, Б.Г.
Безбедносните камери од училиштето биле прегледани и снимките се додадени во предметот како доказ.
По налог на обвинителството, Б.Г. е приведен и се наоѓа во просториите на локалната жандармерија, каде што во моментов дава исказ.
