Во софиската населба Лозенец, безбедносни камери снимија нешто што ја потресе цела Бугарија, но и регионот.
Доктор од Македонија со својот автомобил прегазува куче, па ладнокрвно излегува, го погледнува телото на кучето кое лежи под тркалото на неговиот автомобил и си заминува оставајќи го да умира, без да му укаже било каква помош или да го однесе на ветеринар.
Жителите на таа улицата велат дека кучето по име Маја било мирно и кротко, а човекот зад воланот, 29 годишен хирург на ВМА во Софија со потекло од Македонија.
Откако снимката се прошири на социјалните мрежи, револтот е огромен. Гаражата на осомничениот е испишана со зборот „УБИЕЦ“, а граѓаните бараат најстрога казна.
Организацијата „Четири Лапи“ остро реагираше: „Човек кој без емпатија убива животно не смее да лекува луѓе, бидејќи денес е куче, утре може да биде човек.“
Инаку законот предвидува затвор од 1 до 8 години и казна до 10.000 лева. Целосниот случај е под истрага и службите како и болницата во која работел се веќе информирани за инцидентот. Во меѓувреме, на интернет е покрената петиција, а соседите најавуваат протест и тужба против 29 годишниот Ненад Ц.
Видеото на социјалните мрежи го сподели: borislava_ivanova


