Фото: Принтскрин
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави фотографии по големата акција за чистење на главниот град која почна синоќа.
Акцијата треба да трае 72 часа и Скопје треба целосно да биде исчистено од мини-депониите кои беа создадени.
Стефковски објави дел од фотографиите во Автокоманда, Железара, Ченто и Маџари каде што бил собиран комуналниот смет.
