Фото: Христијан Мицкоски
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека треба да се водат зрели политики и кажа дека се грижат за иднината на државата.
Мицкоски на новинарско прашање го искоментира и повикот на Венко Филипче да се разгледа резолуцијата на црвените линии во пристапување на Македонија кон Европската унија.
„Нашиот став останува непроменет. Остануваме дека не е фер да очекува некој ние да влеземе туку така во уставни измени, притоа другите страни да не го испорачаат тоа што им е обврска. Ние сме промакедонска влада, која сака да го подобри животот на граѓаните“, кажа Мицкоски.
