Фото: Борче Митевски
Денеска во Општина Петровец беше извршен увид во градежните работи во изградбата на културниот дом во Петровец.
Културниот дом ќе биде со површина од 385 м2, каде што е предвидено да има простории и за пензионерите, но и мултифункционална сала од 70 м2. Вредноста на проектот е 29.600.000 денари.
„Денес во посета на општина Петровец беше Премиерот на Република Македонија, г-дин Христијан Мицкоси каде заедно со градоначалникот на Општина во Петровец, Борче Митевски и пратеничката во Собранието на Република Македонија, Марија Петрушевска направија увид во градежните работи во изградбата на културниот дом во Петровец кој целосно е финансиран од Владата на Република Македонија со средства од унгарскиот кредит. Градоначалникот Борче Митевски упати благодарност до премиерот Мицкоски и Владата на Република Македонија за доделените финансиски сретства не само на Општина Петровец туку и на сите други општини во Република Македонија. Културниот дом е со површина од 385 м2 каде е предвидено да има простории и за пензионерите, како и мултифункционална сала од 70 м2.Вредноста на овој проект изнесува 29.600. 000,00 денари“, објави градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.
