Фото: Принтскрин
Светлана Цеца Ражњатовиќ предизвика скандал во Велес откако во полна сала почна да вее бугарско знаме, по што македонската публика реагираше бурно.
Пејачката, откако малку се намалија страстите, реши да каже што се случувало на настанот и призна дека забележала дека не е македонско знаме, но не мислела дека тоа ќе ја налути публиката.
„Фан ми го дофрли знамето. Како и секаде во дијаспората, фановите ми даваат различни знамиња и за мене чест е да ги веам. Го прегрнав знамето и слушнав свирежи. Не знаев за што станува збор, но тоа досега никаде не ми се случило. Набрзо ми пријде Мики Секуловски и ми вели ‘знамето, знамето’. Јас го прашав што е со знамето, а тој ми кажа брзо да го тргнам. Тоа беа секунди, а јас го прашав што се случило. Тој ми вели дека знамето е бугарско. Јас му одговорив ‘Добро, и?’, а тој ми повтори да го тргнам знамето. Го отстранив, иако не знаев што се случи. Мене ми е жал ако на некого му ги повредив чувствата. Тоа не ми беше намера. Видов дека не е македонско знаме – не сум луда…“, вели Цеца.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
