Фото: Принтскрин
Познатиот македонски готвач Виктор Настески реагираше на скандалот кој го предизвика Светлана Цеца Ражњатовиќ во Велес со бугарското знаме.
Настески прашува што ќе се случеше доколку некој македонски естраден уметник извадеше косовско знаме во Белград.
„Замислете наш естраден уметник во Белград да извади косовско знаме пред публиката?
Што мислите, што би се случило?
Ќе ви кажам јас: салата за две минути ќе се испразнеше, а уметникот веројатно ќе изедеше и ќотек!
А нашиов народ не само што остана, туку после концертот и оро си играле
Властите треба Цеца да ја прогласат за “persona non grata” и никогаш повеќе да не стапне во Македонија
ДУВАЈ ГО ЦЕЦА
П. С. И немој, ве молам, да ми продавате „муда за бубрези“ дека била наместена….бла бла бла!!!
Небаре е слепа, па не видела какво знаме си става на грб“, објави Настески.

