Џабе авиони и полни автобуси – Кичево избра свое!
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, извојува победа во Кичево со освоени 13.642 гласа, додека неговиот противкандидат од НАИ, Фатмир Дехари, доби 11.156 гласа, според податоците од 91,6% обработени избирачки места на ДИК.
Јовановски по победата порача:
„Победи заедништвото, победи Кичево!“
И покрај бројните шпекулации за организирани доаѓања и „гласачки тури“, граѓаните на Кичево, според резултатите, го дадоа својот глас по сопствена волја — мирно, решително и со јасна порака за промени.
