Фото: Принтскрин
Околу пет илјади студенти и граѓани од различни делови на Србија пристигнаа во Нови Сад, каде што во саботата, 1 ноември, се одржуваше комеморативен собир по повод годишнината од трагедијата на Железничката станица.
Посебно трогателен момент се случи кога повторно се сретнаа студентите Надија и Сава – средба што го привлече вниманието на јавноста уште во март, кога нивниот прв емотивен контакт беше забележан за време на протестите во Белград, додека траеше нивната пешачка тура.
Студентите од Државниот универзитет во Нови Пазар пешачеа повеќе од две недели за да стигнат до Нови Сад.
