Фото: Принтскрин
Големо полициско присуство беше забележано синоќа на улиците во Подгорица, поради загриженост од можни немири поврзани со растечкото незадоволство на граѓаните од миграциската политика на Црна Гора.
Според информациите на полицијата, неколку лица со црногорско државјанство биле уапсени во текот на вечерта, откако биле пронајдени и запленети бејзбол палки подготвени за напад во близина на една зграда во населбата Забјело.
Од надлежните органи соопштија дека апсењата се дел од засилена полициска акција.
