Фото: Принтскрин
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во ноќта меѓу сабота и недела во Нов Белград, трагично го загубиле животот тројца членови на едно семејство. На раскрсницата меѓу булеварот „Хероите од Кошара“ и улицата „Омладински бригади“ загинале мајка Д.К. (1987), татко Б.Ж. (1982), кој работел како сообраќаен полицаец, и нивното дете Ж.М. (2016), пренесува порталот „Nova.rs“.
Според првичните информации од истрагата, несреќата ја предизвикал 24-годишниот Никола Ѓ., државјанин на Босна и Херцеговина. Тој управувал со автомобил „Ауди“ со босански регистарски таблички и, движејќи се со голема брзина, поминал на црвено светло, по што силно се судрил со возилото во кое се наоѓала семејната тројка. Во автомобилот со него се наоѓал и совозач, исто така државјанин на БиХ.
Алкотестот покажал дека возачот во моментот на судирот имал 1,17 промили алкохол во крвта. Тој е задржан 48 часа во полициска станица, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.
