Фото: Принтскрин
Почина Дарко Голубовски, во јавноста познат како Кнеле, на 43-годишна возраст, објави „HypeTV“.
Голубовски беше контроверзна личност во македонската јавност, познат по своето присуство во криминалните кругови и честите медиумски настапи.
Во февруари 2025 година беше уапсен со 4,5 килограми кокаин, како дел од групата предводена од Раде Трајковски – Штекли, со кого беше и близок пријател.
Покрај неговото проблематично минато, Кнеле беше познат и по сериозните здравствени проблеми – пред неколку години му беше пресадено вештачко срце
