Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Да помислиш дека треба да ги жалиме газдите“, реагира Трендафилов

Gladiator 24/10/2025

Фото: Принтскрин

Слободан Трендафилов од Сојузот на Синдикати на Македонија реагираше по коментарите дека 500 евра минимална плата не била остварлива во моментов.

Трендафилов имаше што да им порача на бизнисмените и газдите, а неговиот статус прочитајте го во продолжение.

„Газди кои 30+ години се активни чинители во државата, кукаат како нема работна сила, како без поддршка од државата не можело да се зголемуваат плати, бесрамно лажат дека немаат профит, бесрамно лажат дека ако се зголемеле платите ќе се затвореле компаниите, но и бесрамно кукаат дека нема работниците, кукаат истите тие кои ги избркаа работниците во изминатите 30 години, кукаат и не се срамат.

Истите тие газди бараа да се увезуваат работници, сега кукаат дека ни тие (увезените) не останувале повеќе од два до три месеци, па нормално дека нема да остануваат за таква мизерна плата !

Газдите лажат кога зборуваат дека не се продуктивни работниците затоа што нето добивките по вработен според податоците од НБРМ во македонските компании во 2024 година бележат значителен раст во однос на 2023 година.

Овие податоци недвосмислено ја докажуваат високата продуктивност на работниците, и го разобличуваат лажниот наратив на газдиве, па така:

• Во градежниот сектор нето-добивката по вработен изнесува 600.000 денари (безмалку 10.000 евра).

• Во трговијата, транспортот, складирањето и угостителството – 300.000 денари по вработен.

•Во индустријата – 200.000 денари по вработен.

•Во информациите и комуникациите – 400.000 денари по вработен.

•Во стручните и административни дејности – 300.000 денари по вработен.

•На ниво на цел корпоративен сектор – просек од 300.000 денари по вработен.

Овие бројки покажуваат дека секој работник не само што си ја заработува сопствената плата, туку дополнително:

• ја обезбедува и платата на директорите и менаџерите,

• го плаќа џипот и луксузниот живот на газдата,

• обезбедува пари за инвестиции,

• и пак му остварува добивка на газдата еднаква на околу една годишна работничка плата.

Газдите лажат и кога зборуваат дека се затварале фирмите, но според фактите од Централниот регистар од:

• 2022 година, кога ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, имаше 7062 нови фирми, а избришани или затворени 5694, во

• 2023 година, со минимална плата од 20.175 денари, имаше 7062 новоосновани, а само 3372 затворени, а во

• 2024 година, со покачување на минималната на 22.567 денари, имаше 6627 нови фирми и само 2891 затворена.

Овие бројки од Централниот регистар покажуваат дека со секое зголемување на минималната плата бројот на затворени фирми ОПАЃА, а бројот на новоосновани фирми расте, тогаш паѓаат во вода сите изговори дека нема простор за зголемување на минималната плата.

Нив (газдите) не ги загрижува тоа што од јануари 2026 година ќе има уште помалку работници, затоа што за попристојна плата нема да треба да се оди далеку, туку со лична карта преку граница, тука, во соседството, на неполни 100 км, каде што ќе има работа за 550 евра минимална плата во Србија, за повеќе од 500 евра минимална плата во Албанија. Но ги загрижува што барањето за зголемување на платите било само желботека.

Се прашувам што ќе ги загрижи повеќе, барањето за зголемување на платите или 24 часа генерален штрајк во Македонија за кој ќе бидат самите виновни?“, вели Трендафилов.

Tags: плата слободан трендафилов

Continue Reading

Previous: Димитров: 500 евра е измислена бројка, минималната плата не е желботека
Next: (ВИДЕО) Венко Крстевски се извини на семејството на Панчо

Слична содржина

Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого

Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого

05/11/2025
Ѓорчев: Треба да изгласаме со големо мнозинство влез на Бугарите во Уставот, но со одложено дејство

Ѓорчев: Треба да изгласаме со големо мнозинство влез на Бугарите во Уставот, но со одложено дејство

05/11/2025
(ВИДЕО) Цеца откри што ѝ кажал Мики откако го развеала бугарското знаме во Велес

(ВИДЕО) Цеца откри што ѝ кажал Мики откако го развеала бугарското знаме во Велес

05/11/2025

Најново

  • Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого
  • Ѓорчев: Треба да изгласаме со големо мнозинство влез на Бугарите во Уставот, но со одложено дејство
  • (ВИДЕО) Цеца откри што ѝ кажал Мики откако го развеала бугарското знаме во Велес
  • (ВИДЕО) Цеца ја откри вистината за концертот во Македонија: Слушнав само…
  • Гоце Тодоровски: Заев штедеше на нас за тие да си ги зголемат платите за 78%

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого

Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого

05/11/2025
Ѓорчев: Треба да изгласаме со големо мнозинство влез на Бугарите во Уставот, но со одложено дејство

Ѓорчев: Треба да изгласаме со големо мнозинство влез на Бугарите во Уставот, но со одложено дејство

05/11/2025
(ВИДЕО) Цеца откри што ѝ кажал Мики откако го развеала бугарското знаме во Велес

(ВИДЕО) Цеца откри што ѝ кажал Мики откако го развеала бугарското знаме во Велес

05/11/2025
(ВИДЕО) Цеца ја откри вистината за концертот во Македонија: Слушнав само…

(ВИДЕО) Цеца ја откри вистината за концертот во Македонија: Слушнав само…

05/11/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого
  • Ѓорчев: Треба да изгласаме со големо мнозинство влез на Бугарите во Уставот, но со одложено дејство
  • (ВИДЕО) Цеца откри што ѝ кажал Мики откако го развеала бугарското знаме во Велес
  • (ВИДЕО) Цеца ја откри вистината за концертот во Македонија: Слушнав само…
  • Гоце Тодоровски: Заев штедеше на нас за тие да си ги зголемат платите за 78%

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.