Фото: Принтскрин
Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина вчера наполнија две години, а нивната мајка објави емотивна порака на социјалните мрежи.
„Среќен втори роденден,на нашите четири душички!
Денес славиме две години безусловна љубов, смеа и најубавата музика вашите чекори, насмевки и гласчиња што го исполнуваат домот со радост.
Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога.
Вашиот невин поглед, неисцрпна енергија и љубовта што ни ја подарувате ни ја топлат душата секој ден.
Сè што ви посакуваме е да растете живи и здрави, среќни, весели и секогаш свои.
Нашите четири срца со вас животот има најубаво значење“, напиша мајката Благица на Фејсбук.
