Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Лихвари правеле „парче“ – пресметувале огромни камати и заработиле два милиони евра

Gladiator 23/10/2025

Фото: Принтскрин

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека се уапсени 11 лица под сомнение за лихварство и перење пари, додека едно лице сè уште се бара и е во бегство.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд Скопје, изврши претреси на повеќе локации низ град Скопје, при што лишени од слобода се 11 лица поради основано сомневање за сторени кривични дела “Лихварство” и “Перење пари и други приноси од казниво дело”.

МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), Д.Љ.(32), М.В.(25), М.Н.(36), А.Т.(32), З.А.(42) за кои постои основано сомневање дека како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека М.К.(73), П.К.(41) и Г.С.(46) се осомничени за кривично дело “Перење пари и други приноси од казниво дело”.

Деветмина од осомничените од почетокот на 2022 година до денеска се организирале во криминална група што се занимавала со давање на пари со договор, притоа договарајќи несразмерна имотна корист во пари, средства или недвижен имот. Искористувајќи ја финансиската состојба на оштетените лица им позајмувале пари со пресметување на камата од 5% или 15% месечно зголемување за секое задоцнување. Од оштетените барале да им бидат вратени позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата, а кога тие не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица.

Паричните средства кои во несразмерен износ ги враќале оштетените, се внесувале на сметките на осомничените во банка или во сеф, по што несразмераната имотна корист на различни начини ја внесувале во легалните финансиски текови, односно постои основано сомневање дека во истиот период дванаестмината осомничени и едно осомничено правно лице како организирана криминална група за перење на пари се стекнале со противправна имотна корист изразена во парични средства од 125.033.527 денари прибавена со кривичното дело “Лихварство”. Така, дел од прибавените пари кои осомничените во повеќе наврати од повеќе физички лица ги примиле на своите сметки или им биле дадени на рака, со цел да се добие привид дека средствата се легално стекнати ги пуштале и користеле за реализирање на трансакции кон сметки на правни и физички лица, дел ги презеле на сопствени сметки и со нив вршеле плаќање на своите животни потреби, со дел купувале недвижен и движен имот и воделе луксузен живот, а голем дел биле извадени во готовина“, велат од МВР.

Tags: лихвари полиција

Continue Reading

Previous: Доктор Пановски: Стаорците нема да чекаат избори, ако не се исчисти ѓубрето – Скопје го чека наезда од 10.000 глодари
Next: Ќе се менуваат стрелките на часовникот: Еве кога почнува зимското сметање на времето

Најново

  • (ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија
  • Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап
  • (ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска
  • Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа
  • (ВИДЕО) Две земји би можеле да се вклучат во борбата со Иран

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија

(ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија

24/03/2026
Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап

Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап

24/03/2026
(ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска

(ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска

24/03/2026
Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија
  • Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап
  • (ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска
  • Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа
  • (ВИДЕО) Две земји би можеле да се вклучат во борбата со Иран

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.