Фото: Принтскрин
Државата месечно издвојува околу 1.000 евра за секој осуденик, рече директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, на работниот состанок „Пробација и условен отпуст“ што се одржа денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје.
Пандов подвлече дека пробацискиот модел не е само начин за намалување на трошоците поврзани со притвор и затворска казна, туку и алтернатива која може да придонесе за успешно враќање на лицата во заедницата.
Тој истакна дека во моментов над 900 лица се под надзор на пробација, но дека системот би можел да прифати значително поголем број корисници ако се инвестира во човечки ресурси и инфраструктура.
