Фото: Принтскрин
На социјалните мрежи се појави видео-снимка која го прикажува инцидентот што денеска се случи во кампот поставен пред Собранието, во самиот центар на градот.
На видеото се гледа маж облечен во бела јакна како се движи несигурно на една нога, додека полицијата се обидува да го совлада напаѓачот.
Неколку моменти подоцна, кон шаторите притрчуваат повеќе полициски службеници, а во позадина се слушаат истрели. На снимката може да се чуе како полицајците му довикуваат на осомничениот: „Фрли го оружјето!“, а потоа и наредбата „Лежи на земја!“
— bgd (@bgd1737288) October 22, 2025
