Фото: GladiatorVesti+ Принтскрин
Светлана Стојанова, мајката на загинатиот Андреј Стојанов, гостуваше во емисијата „Претрес“ кај новинарот Кристијан Ландов.
„Болката за Андреј не минува. Не ми е јасно уште што се случило, но сигурно не му е дадена помош. Не беше изгорен, само му требало кислород“, вели Светлана.
Таа ја коментираше и снимката на кандидатот за градоначалник Венко Крстевски, кој слави по првиот круг со трубачи.
„Животот продолжува, но дали требаше да слави со трубачи? Ја видовме себичноста и злобата“, вели таа.
Целата емисија погледнете ја во продолжение.
