Фото: Aleksandra Lozanoska
На денешната седница, Владата донесе одлука со која го задолжи Министерството за внатрешни работи (МВР), во координација со повеќе инспекциски и здравствени институции, итно да спроведе вонредна контрола во Град Скопје и во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.
Според одлуката, Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и Институтот за јавно здравје, во координација со МВР, треба веднаш да започнат заеднички надзор низ целата територија на главниот град.
Од МВР предупредуваат дека наталожениот отпад претставува сериозна закана по здравјето на граѓаните.

