Фото: Принтскрин
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови на изборите за Советот на Град Скопје, со освоени 35,15 проценти.
Зад неа следуваат Левица со 11,83 проценти, коалицијата ВЛЕН со 11,77 проценти, потоа коалицијата на ДУИ со 11,64 проценти, додека коалицијата предводена од СДСМ доби 10,56 проценти од гласовите.
Во трката за градоначалник на главниот град, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, и пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, ќе се соочат во вториот изборен круг, закажан за 2 ноември.
