Фото: Принтскрин
Во Кочани нема да има нов градоначалник по првиот изборен круг, бидејќи ниту еден од кандидатите не успеа да добие доволна поддршка. Вториот круг на гласање ќе се одржи на 2 ноември, а во него ќе се соочат двајца независни кандидати – Венко Крстевски и д-р Владко Грозданов, кој има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
Според целосно обработените резултати, Грозданов освои 5.641 глас, што претставува 39,79 проценти од излезените гласачи. Зад него е Крстевски со 3.394 гласа, односно 23,94 проценти.
На третата позиција се најде кандидатот на СДСМ, Игор Христов, кој доби 2.444 гласа или 17,24 проценти од вкупниот број.

