Фото: Принтскрин
Две лица се повредени и пренесени во болница по сообраќајна несреќа што синоќа, околу 19:40 часот, се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, во несреќата биле вклучени четири автомобили – „Голф“, „БМВ“, „Мерцедес“ и „Цитроен“.
Судирот се случи во близина на местото каде што минатата година загина младата Фросина Кулакова.
