Фото: Принтскрин
Возачот на автобус загина, а две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 6:40 часот на патот Чачак – Крагуевац, во местото Бечањ.
Несреќата настанала по судир меѓу автобус и патнички автомобил, по што автобусот излетал од коловозот и удрил во столб од далековод.
На местото на несреќата интервенираат полициски екипи, а увидот е во тек.
