Фото: Instagram/Roberto_Navali
Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случи сериозна сообраќајна несреќа, во која учествуваа три возила.
Сообраќајката се случи во близина на местото каде што пред неколку месеци животот го загуби младата Фросина Кулакова.
Во судирот учествувале три патнички возила „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“, а притоа е предизвикана материјална штета.
Повеќе детали се очекуваат од МВР, а фотографијата може да се погледне ТУКА, додека видеото кај „Roberto Navali“.
