Фото: Принтскрин
На 17 октомври 2025 година, околу 18:50 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, полицијата приведе 67-годишен охриѓанец со иницијали Н.Р., кој се однесувал агресивно кон полициските службеници за време на извршување на нивните службени должности.
По спроведеното алкотестирање, кај него било утврдено присуство од 1,41 промил алкохол во крвта, поради што лицето било задржано во полициската станица Охрид.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по целосно документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните органи.
