На 17 октомври 2025 година, околу 03:00 часот, СВР Скопје добило пријава од М.Ј. (39) од Скопје, кој информирал дека нешто пред тоа, околу 02:50 часот, додека бил во својот дом во Ѓорче Петров, слушнал звук на застанато возило и три истрели од огнено оружје. По инцидентот, тој забележал скршено стакло на прозорецот во дневната соба, оштетување на ѕидот и две зрна од огнено оружје на подот.
Повредени лица нема, а полицијата презема сите потребни мерки за расчистување на случајот.
