Фото: J_LO
Холивудската ѕвезда Џенифер Лопез неодамна предизвика изненадување кај своите обожаватели со откритието за својот најдобар филмски бакнеж. Во гостувањето во популарната емисија Watch What Happens Live with Andy Cohen, пејачката и актерка даде одговор што никој не го очекуваше.
Иако во текот на својата долга кариера Лопез глумела со некои од најпознатите актери во Холивуд, нејзиниот избор не падна на ниту едно од тие имиња. Водителот Енди Коен ѝ помогна да се потсети, споменувајќи ги Џорџ Клуни, Метју Меконахи, Ралф Фајнс, Ричард Гир, Овен Вилсон и Џош Лукас, но Лопез го прекина насреде списокот и со насмевка го откри својот фаворит.
„Ќе го кажам мојот омилен… штотуку снимав филм со Брет Голдстин, и морам да признам дека тој беше најдобар во бакнување“, изјави Лопез, предизвикувајќи реакции и насмевки кај публиката.
