Фото: Принтскрин
При изведба на градежни работи на приватен објект во старото градско јадро на Струга, оштетена е старата куќа на познатиот македонски писател Владо Малески, која е заштитена како споменик на културата. Според информациите, при градежната интервенција бил урнат јужниот ѕид на објектот, како и дел од кровната конструкција.
Министерот за култура, Зоран Љутков, соопшти дека станува збор за сериозно оштетување на културното наследство кое се наоѓа на улицата „Браќа Миладиновци“ број 16 во Струга.
