Фото: Принтскрин
Грчките медиуми вечерва пренесуваат дека едно лице загинало по вооружен инцидент меѓу група странци во пограничното место Евзони, кое административно припаѓа на областа Кукуш.
Според првичните информации, судирот се случил околу 22 часот по локално време, кога дошло до расправија меѓу неколку лица на улица. Во еден момент, еден од учесниците извадил огнено оружје и пукал кон друг маж, при што го ранил смртоносно.
Повредениот, обидувајќи се да побара помош, се упатил кон хотелот „Хара“ и влегол во објектот, но по кратко време им подлегнал на повредите.
