Фото: Принтскрин
Од Јавното обвинителство соопштија дека ќе биде издадена наредба за обдукција на телото на пејачот Владимир Блажев – Панчо, кој почина утрово по тешката здравствена состојба во која се наоѓаше.
„Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, соопштуваат од Обвинителството.
Панчо неколку месеци се лекуваше од тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“.
