Фото: Принтскрин
Настапот на Северина во Велес привлече огромно внимание и предизвика вистинска еуфорија меѓу публиката. Во градот пристигнаа посетители не само од околните места, туку и од различни делови на Македонија, со желба да ја видат и слушнат популарната пејачка.
Просторот пред сцената се покажа како премал за бројната публика која со воодушевување ја следеше секоја песна, пеејќи заедно со неа и поздравувајќи ја со громогласен аплауз.
„Моето срце е врзано за Македонија и голема чест ми беше ова знаме, кое ми го врачивте, да го носам на грбот… Чувајте ја Македонија!“, вели Северина.
