Фото: Инстаграм/Панчо
Македонската музичка сцена тагува по загубата на еден од своите највпечатливи уметници – Владимир Блажев, попознат под своето уметничко име Панчо од дуото ДНК.
Тој ја загуби битката со тешките последици од трагичниот пожар што пред извесно време ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Блажев беше меѓу тешко повредените во несреќата што однесе 62 човечки животи и остави длабока рана во јавноста.
Познат по својот автентичен стил и емоционалниот израз, Панчо остави силен белег во современата македонска музика и зад себе остави бројни хитови кои ќе продолжат да живеат меѓу публиката.
