Фото: ФФМ
Македонија не успеа да го совлада Казахстан и со ремито 1-1 во Скопје ги загуби шансите за првото место во групата и директен пласман на Светското првенство.
Иако „црвено-жолтите“ беа фаворити, не го прикажаа очекуваниот настап. Имаше неколку добри моменти, особено во второто полувреме, но без посакуваната реализација.
Гостите поведоа по грешката на голманот Димитриевски, кога Караман во 58. минута го погоди голот за 0-1. Македонија израмни во 74. минута преку капитенот Енис Барди, кој со прецизен слободен удар ја раздрма мрежата на Казахстан.
Со ова реми, нашата селекција останува без шанса за директен пласман, а во последниот меч против Велс ќе се обиде да ја обезбеди втората позиција и полесен противник во баражот.
