
Фото: Принтскрин
По триумфот на Албанија со 1-0 над Србија во квалификациите за Светското првенство, на социјалните мрежи се појави видео снимено во Словенија кое предизвика бројни реакции.
На снимката се гледа како албански навивач ѝ става албанско знаме на грбот на српска навивачка, а потоа ѝ го мавта пред лицето во знак на провокација по победата на својата репрезентација.
Настанот се случил на јавно место, веројатно по завршувањето на натпреварот, и предизвикал бурни реакции на интернет.