
Фото: Принтскрин
Поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, во вечерашното гостување во емисијата „Политико“ на Инфомакс изјави дека за време на неговиот петгодишен мандат Велика Британија никогаш официјално не побарала од Македонија да прифати мигранти.
Тој нагласи дека такво прашање не било ниту формално покренато, ниту разгледувано во комуникацијата меѓу двете земји во тој период, меѓутоа слушнал дека на пониски нивоа во рамки на МВР се тестирал теренот.
„Во моите пет години со мене, од страна на Велика Британија, било кое ниво претставник никогаш не го имало отворено ова прашање. Сум слушал дека на пониски нивоа – во рамки на МВР или меѓу директори на служби, се тестирал теренот, но никогаш не дошло до тоа да се разговара на владино ниво“, кажа Пендаровски.