Фото: МВР
Возачот на службеното возило со кое се превезувал министерот за здравство е казнет поради две прекршочни дејствија, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, лицето добило казна од 250 евра за незаконско вградување на светлосни сигнализации (флешери) и дополнителна казна од 200 евра за навлегување во спротивната лента на движење.
Од МВР додаваат дека, согласно законот, доколку возачот ги уплати казните во рок од седум дена, износите ќе бидат преполовени.
„Обезбедено и санкционирано е лицето кое со службено возило на бул.„Партизански одреди“ во Скопје помина на две полни линии и користеше флешери
Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии. Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, соопшти МВР.
