Фото: Принтскрин
Неговите колеги се фалат со брзи автомобили, но Спасен има поинакви страсти – тој обожава необични машини и го сподели тоа со своите следбеници.
Нашиот фолк-пејач во своето родно село Пополжани, кај Кичево, создаде вистински мал рај каде често се повлекува од градската врева и обврските.
Секогаш кога ќе замине таму, Спасен не знае што е одмор – веднаш ги засукува ракавите и помага околу дворот или на нивата. Без разлика дали коси, ора или уредува, пејачот со задоволство се впушта во секоја работа.
На своите следбеници на Инстаграм често им покажува моменти од селскиот живот, а неодамна предизвика вистинска лавина од реакции со фотографија на која позира покрај трактор – машината што, како што самиот вели, му е вистински мерак.
И додека многумина уживаат во луксузни автомобили, Спасен Сиљаноски ужива во едноставните нешта – во природата, мирот и во звукот на моторот на неговиот омилен трактор.

