Фото: Принтскрин
Поранешниот директор на Универзитетската клиника за неврологија, Игор Кузмановски, вечерва се обрати преку Фејсбук по појавувањето на контроверзното видео на кое, според снимката, изгледа како да консумира бела прашкаста материја.
Во својата објава тој упати извинување и изрази искрено жалење за постапките
„Изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето преземање на менаџирањето на Клиниката за неврологија. Тоа е момент на слабост со кој не се гордеам и кој не смее да биде пример. После ова знам дека грешката нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови. Се извинувам на сите кои ги разочарав и ќе продолжам да работам она што најмногу го сакам – да спасувам животи и да помагам на заедницата“, објави докторот.
Видеото може да се погледне ТУКА.
